Професионалците во служба на граѓаните: Здрав и жив е пронајден исчезнатиот 85 г. битолчанец

од October 25, 2020 0 коментари

После голема, неизвесна ноќ и исклучително лош терен од страна на Тимот за спасување на планина од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со Посебната Единица на Полицијата (ПЕП) од СВР Битола беше пронајден 85 годишниот битолчанец со иницијали Ц.И. кој беше исчезнат во текот на вчерашниот ден во 10.00.ч и последно виден на локација околу село Лавци.

Беше пронајден жив и дезориентиран, дехидриран и со видливи знаци на хипотермија и од наша страна со помош на носила беше донесен до амбулантното возило кое го превзедоа се со цел негово побрзо закрепнување и подобрување на состојбата… ни пренесе Петар Нолев раководителот на Тимот за спасување на планина од ДЗИС.

Пронаоѓањето на исчезнати лица и успехот на Тимот за спасување на планина од ДЗИС во координација со единиците на Полицијата е веќе докажана работа на територијата на Битола, Македонија и Албанија.

Извлекувањето е сеуште во тек.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *