Вака изгледаше нашиот Пелистерски Новогодишен Базар на првиот ден кој се одржа во кругот на Хотел и Ресторан Шумски Фенери во с. Трново, под падините на Баба Планина.

На сите тие кои им подадоа рака за се да биде магично и волшебно од организаторите изразија голема благодарност до СТОБИ, Млекара Битола, Булевар Пекара
STOBI, Take&Go Coffee, Андреј БМК, Пекара Ванила, B&K Maркет, Памперси кои што дојдоа и им го разубавија почетокот на базарот и Александар Буневски Буната кој што пушташе музика и направи Christmas spirit да е на најјако.

Сега кога сме најуморни а сепак со полна душа можеме да сублимираме дека имавме една прекрасна вечер, стопливме многу срца, и тоа верувајте не само со варено вино, туку со Божиќен и Новогодишен Дух.

Се надевам дека сите вие кои бевте во наштиот двор вечерва, барем за кратко успеавме да ве однесеме некаде далеку во светот, на некој Божиќен Пазар и успеајвме сивилото на денешницата да ви го смениме во боите на овие најубави празници.

Најголемиот подарок кој го добивме денес се насмевки среќа и радост.

Се гледаме утре на уште еден прекрасен ден и таман да си ја затвориме годината со најубавото чувство на успех, среќа, радост и Семејство.
Хотел Шумски Фенери и Ски Клуб Пелистер ви се од срце благодарни.

.