Изминатиов викенд во Загреб, 21-22.12.2019 г., се одржа ZAGREB CHRISTMAS BALL, интернационален натпревар во танци. Ние дојдовме со нашите мали и пораснати ѕверки од ТСК СПОРТАКУС, на чело со тренер Дона Димовска. Дојдовме, видовме, победивме. И тоа:
✔ три први места, во три категории и
✔ две втори места, во две категории.

(STARS-FITNESS DANCE GROUP MINI 1 MEСТО

GOLDEN STARFITNESS DANCE SOLO CHILDREN 2 MEСТО

SPORTS GIRL-FITNESS DANCE GROUP CHILDREN 1 MEСТО

BOMBASTICFITNESS DANCE GROUP JUNIOR 1 MEСТО

BOMBASTICFITNESS DANCE GROUP JUNIOR 1 MEСТО

ZAGREB CHRISTMAS BALL 21-22.12.2019)

Сите овие години на труд, љубов, ентузијазам и жар, не се најде ни маж, ни жена, да го спонзорира талентот на овие деца. Према тоа;
🥇 Благодариме на нашите деца, кои дојдоа во поинаков свет, видоја како изгледаат спонзорирани клубови, во кои се вложени многу пари, а сепак не ја изгубија вербата и едноставно ПОБЕДИЈА!
🥇 Се заблагодаруваме на МИГ Травел, затоа што ни организира незаборавно патување и удобно сместување…
🥇 Се заблагодаруваме себеси, затоа што спонзорираме, навиваме, бајракот го вееме, за еден ден, кога ќе порасни општата свест, градот ќе се гордее.
❣❣❣❣❣

Јасна Николовска

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here