Екатерина Михељкис Катја, Доктор по музички науки, хорски диригент, моментално работи како наставник
За моето 25 годишно живеење тука, можам да речам, дека жените во Битола се мнооогу убави, посебно последните поколенија, млади девојчиња. За овие 25, скоро 26 години, да, ги затекнав сеуште повозрасните генерации на југословенската интелегенција, со прекрасни манири, мек и чист говор, благородно однесување. Само мнoгу ми е жал, дека ваквите луѓе останаа многу малку и веќе се губат во толпата на сегашното однесување на народот. Да, има убави дами, со убаво облекување, можам да забележам дека има по некоја, која знае и добро да се однесува, но, во младите девојчиња, за жал, покрај убавина, ништо друго не забележувам. Ретки се тие, кои правилно и достојно на женскиот пол, се воспитани. Битолчанки, а и воопшто дами во Македонија, се преубави, само однесувањето и воспитувањето на многуте од нив им фали.
Чупињата од Празни Муабети
(Елена Тодосиоска, Стефанија Стојчевска, Кристина Петковска, Ангела Апостоловска, Тамара Стојковскa)
Во една песна која ја напишавме по повод една од нашите претстави се спомнуваат:
“…битолските девојки, со фустани, лични ко цветови, што свират на клавири”.
Не само за нашата, Битолчанки биле инспирација за голем број други песни кои ги пееме до ден денес, и сигурно тоа е со причина.
Можеби една од нив е фактот што Битола со години била македонскиот Париз, а Широк Сокак – модна писта, и до некаде така останало и до ден денес. Грижата за својот изглед и модата останале традиција која секоја битолчанка ја носи со себе, што со право ни го наметнува тој епитет.