Аница Папакоч од познатата битолска фамилија Папакоч

Кога живеете надвор од Битола а сакаат да ве опишат како убава со еден збор тоа е “битолчанката” – проверено!
Љубовта кон Битола останува со спомените кон моите пријатели кои сеуште ги имам а како нив во денешно време тешко се наоѓаат.

Лилјана Томичич писателка

Битолчанки од дамнина го носат епитетот заради убавината, стилот на облекување, начинот на однесување. Битолчанки пленеле многу срца, опеани се во многу песни. Песната за Ратка е една од споменот на убавината и ,,меракот” љубовта по неа.
Најголемата безусловна љубов е градот Битола. Го запознав како мало дете на 3 годишна возраст кога мајка ми со мојата сестра од Сомбор Војводина се доселивме во Битола и денес сеќавањето на саат кулата во мене буди спомени од детството. Носталгично се навраќам често бидејќи живеевме наспроти куќата на Катерина Лала. Таа љубов спрема градот ја преточив во книга насловена ,,Огледало на животот”. Истата е откупена од продукциска куќа и се надевам дека како филмувана ќе го види светлото на се она што значеше животот и ритамот на едно време низ призмата на вистинските вредности. Ние битолчани имаме со што да се гордееме, бевме деца на улицата. Игрите од утро до мрак беа наше богатство. Хиерархијата на која моравме да се навикнеме, на шири биби цец да го дадеме и последниот залак. Да бидеме дома на само еден повик, да помогнеме со тоа што на постарите ќе им донесеме леб од фурна или вода од уличната чешма. Бевме еднакви меѓу еднаквите. За битолчанки може да зборуваме и денес, Широк Сокак е огледало на нивната убавина. Девојките се како од најпрестижните насловни, што важи секако за момчињата. Каде и да поминеш не може а да не те милуваат разноврсни парфеми. Убавина е да ги гледаш вљубени нескриено си делат бакнежи.

Мери Пешка од познатата битолска фамилија Пешка

Битола беше и остана монденски град со голема заслуга на елеганцијата на битолчанките кои го пратат секој тренд и водат сметка за својот изглед.

Љубовта за Битола ја чувствувам како генетски код.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here