По името на ракометната легенда Боро Чурлевски, кој прерано почина, е преименувана Спортската сала ,,Младост” во Битола.

Чурлевски кариерата како играч ја почнал во Пелистер во 1984 година со кој 3 пати ја освојуваше вице-шампионската титула во СФРЈ во периодот помеѓу 1984 и 1990 година. Играше и за Црвенка, Тутунски комбинат од Прилеп, Борец од Велес, грчки Килкис, а кариерата ја заврши во црногорскиот тим Ловќен.

Настапуваше и за националниот тим на поранешна Југославија, освојувајќи бронзен медал на Светското првенство во Романија 1987. Со македонската ракометна репрезентација учествуваше на ЕП во Италија во 1998 и СП во Египет наредната година.

Последен негов ангажман беше на позицијата тренер на РК Прилеп.

Чурлевски почина во 2014 година.

Извор Тера ТВ