Адет или обичај кој со децении го практикуваме ние битолчани, а секако и повеќето граѓани на Република Македонија е туркање на чаша вода на заминување на пат, почеток на новата учебна година, заминување на невестата од домот и сл.
Дали со нога ќе се турне само една чаша или после заминување ќе му се истури чаша вода од тој што го испраќа е различно кај сите и нема правило – “кој како милува”.
Така е и за тие кои одат на некој пат од каде треба да се борат за успех, некој од дома му истура вода за да оди се брзо, лесно и со успех.
Во суштина истото и денес го практикуваме. Адетот е обичај што станал некој вид закон за извесна средина и што се прави по обичај
традиција или од навика.
Така е секој први септември. Кој живее во зграда најповеќе заприметува рано сабајле дека тука живее некое учениче. Скалите се жива вода.
Со лес да им оди учењето на сите ученици, а најповеќе на првачињата. Дотерани, испеглани, фризуросани и насмејани на првиот училишен ден, Ви посакуваме успешен старт на новата учебна година.
Аирлија и шуткајте чаша со вода! По можност пластична 🙂