14.6 C
Bitola
Tuesday, October 3, 2023
Битола 075 224722 075 445740 Ресен 075 445426 Охрид 075 283156 Струга 075 283126 Прилеп 075 224774
Дома бабам Битола Тринаесет години “Без навреда”

Тринаесет години “Без навреда”

Од печат излезе 100-от број на магазинот за хумор и забава „Без навреда“ кој веќе 13 години опстојува во македонскиот медиумски простор.

Тој е весник кој ги расположува и насмевнува битолчани, но и преку хумор остроумно и духовито испраќа критики за одредени состојби во општеството.

Битолчани навикнаа да примаат месечна доза од вицотеката на уредникот Панде Димитровски и карикатурите на Блаже Докуле, Владо Крстевски, Миле Милевски и други.

Двесет и четирите страници изобилуваат со стотина вицеви, афоризми и друг хумор.