Во текот на вчерашниот ден е отворено 37-то издание на „Битолски Мал Монмарт“ кое ќе трае до 30 мај.

Манифестацијата започна со отворањето на 36-та Светска изложба во објектот на детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј во Старата битолска чаршија.

Годинава Светската изложба влезе за првпат во програмата на Министерството за култура како културна манифестација од посебно значење за Република Македонија.

Организаторот вели дека е задоволен од добиената помош од Министерството за култура и од Општина Битола.

Текст извор Тера ТВ