Сигурно веќе ја знаете осумнаесет годишната Ангела Лавровска од Битола која пред извесно време го објави својот втор кавер Someone you loved- Lewis Capaldi.

Доколку не ја знаете, на кратко би ја опишале како голем музички ентузијаст, која својата срамежливост ја победила со развивање на музичкиот талент.
Овој пат, ја објавуваме со нејзиниот трет кавер Мy future- Billie Elish.

Нејзината соработка со @Tyrion Production продолжува, секој пат со различен стил за да се долови вистинскиот талент кој Ангела го поседува. Токму и за тоа служи таков музички тим!

Нејзин предизвик за овој трет кавер бил: да се обиде вокално да го рекреира само ден после излегувањето на овој сингл. И според нас- успеала.

Ѝ посакуваме многу успех и понатаму, и еден ден со своја авторска песна да ја чуеме на некој фестивал.