Мирко Костовски е роден е во 1947 година и на 17 годишна возраст при несреќа на работно место ја изгуби левата рака. Беше дологодишен член на М3ТИЛ Битола, Демир Хисар и Ресен и еден од најталентираните инвалиди.
Неговиот талент доаѓаше до израз на многу полиња а пред се во спортот и во копаничарстото. Во спортот постигнал многу врвни резултати во алпинизмот каде беше дел од Македонската алпинистичка експедиција која ги освои највисоките врвови во светот. Заедно со Димитар Илиевски Мурато, освојувачот Еверест, се имаат искачувано на многу врвови меѓу кои се вбројуваат Мон Блан и Матерн Хорн.
Тоа што немаше една рака воопшто не се одрази на неговите резултати во алпинизмот, а исто така и во стрелаштвото каде што беше Македонија во рамките на СФР].
Неговиот талент во копаничарството е прикажан кај неговите многубројни изработки со длабока резба во дрвото.
Битолчани го познаваме како последниот домар на планинарскиот дом во Копанки од каде се пензионира. Почина синоќа на 73 годишна возраст.
Нека почива во мир.
Фотографии принтскрин “Луѓе и Места” Телма ТВ 2015 г.
Текст испратен од неговиот внук Горан Костовски, дел од архивата на неговиот тетин (непознат извор)