Во емисијата ќе го погледнете сведоштвото на мајката на Кузман Јосифовски -Питу за својата керќа Мара Јосифовска која се приклучила во партизанскиот одред кој го носел името „Пелистер“ и бил составен од 21 борец.
Поради големата априлска провала, обрачот на бугарската фашистичка војска околу Одредот Пелистер на 3 мај 1942 година веќе бил затворен. Уште во самото утро Одредот ја прифатил борбата и покрај неспремноста со вооружување и со воена обука. Тогаш во месноста „Ореовска корија“ загинала и Мара Јосифовска-Ѓурга, заедно со Елпида Караманди-Бисера (ранета, потоа убиена), Димитар Николовски- Таки Даскало, Димче Хаџипоповски, Ордан Михајлоски – Оцка и Јоска Јорданоски- Сандански.
Емисија на РТВ Скопје од 27.09.1967 година.
Вечни ќе бидат!