На денешен ден 3-ти Мај 1942 г. во близина на селото Ореово, битолско, бил разбиен првиот битолски партизански одред „Пелистер“ при што загинале шест борци Димитар Николовски (Таки Даскало), Јоска Јорданоски – Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди, Мара Јосифовска и Димче Хаџипоповски.

Во нивна чест и чест на мајката на Таки – Калиопи, кои беа лични познанства и пријатели на нашиот познат битолчанец Ајри Демировски, тој за им се оддолжи во 1950г. ја компонира познатата народна песна „Таму ле мајко близу Битола“ за што раскажува во документарниот серијал „Животопис“ на РТВ Скопје од 1984 г.: