Пред некој ден на 1-ви септември во Штип се одржа пливачки митинг кој беше одржан во знак на одбележувањето на јубилејот од 65 години пливање во овој град. На овој пливачки митинг учествуваа над 150 дечиња кои се родени помеѓу 2004 и 2012 година.
Големо внимание на митингот привлече 6 годишната Теона Буџаковска од Битола која беше прогласена за најуспешен најмлад пливач во женска конкуренција.
Таа со своите 6 години ја воодушеви публиката која беше присутна на Градскиот Базен во Штип кога успеа да исплива 50 метри слободен стил во рекордно време за својата возраст.
Неа свечено и беше доделена диплома за најмлад пливач на натпреварот.
Теона доаѓа од пливачкиот клуб “Олимпик” од Битола и веќе 2 години тренира со тренерот Кире Марков. Ова не е нејзина прва освоена награда.
Таа на 22-ри август доби сребрен медал на пливачки митинг во Битола во конкуренција на дечиња од 6-8 години од Битола, Штип и Струга.
Само напред Теона!