Со празникот Иванден е поврзан и обичајот Тајане-Бојане кој се изведува во повеќе краишта на Македонија, а во последните години се појавува повторно во Битола и битолско .

Изразуваме голема благодарност до сите родители и дечиња кои поради нашите пишувања и апели ја воскреснаа некогашната заборавена христијанска традиција.

Светот останува на младите, барем нешто вредно да им пренесиме нив. Денес каде ако не во познатото битолско Гинимаале група на дечиња продефилираа низ тамошните улички и чикмачиња пеејќи:

Тајане, Бојане, имам брат Свети Јоване,
ункеши, ункеши, ункеши по маглата.
По магла, по магла, по магла ситна роса,
по роса, по роса, по роса мома боса.
Играле момите крај манастирот,
калуѓер гледа од пенџериња,
фрли си шапка на герамиди,
од герамиди на трендафилот,
белата брада на берберница
црната брада на касапница.

За многу години празникот.

Благодарност до фамилијата Илиевски за испратените фотографии.