Нашиот битолчанец Сунај Мифтар ќе учествува на меѓународен натпреварувачки турнир во Кикбокс што ќе се одржува на 3-ти Јули во Валона, Р. Албаниј, а под организација на WКU федерацијата по К1 правила до 67 кг.

„Поради светската криза со короната и јас како и други борци бев приморан да паузирам од професионални борби, затоа сега со позитивна мисла и голема мотивација ќе атакувам да си го подобрам мојот скор на три борби – три победи. На овој турнир ќе настапи и мојот тимски колега Медин Ахмети кој заедно се припремавме во нашиот клуб КБК Работнички Адора во Скопје.

Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам и на Урим Саити кој ни ги организира овие мечеви“…ни пренесе Сунај.