Хотел Гранд Централ, со ресторан Кичен Централ кои се наоѓаат во срцето на Битола и се под превезот на познатиот битолски бренд „Рудо Јагне“ кој опстојува уште од 1978 г. , денеска прослави една година од неговото отворањето.
Во текот на првата година Хотел Гранд Централ ја доби наградата од Booking.com со оценка 9.5 да нуди извонредно гостопримство во 2020 година и сме почестени со награда за „преглед на патници“ во 2021 година.
Исклучителните оценки што ги добиваме постојано во текот на минатата година покажуваат колку нашите гости ценат, сè што правиме за вас. Да ни се множат годините и да имаме уште многу убави заеднички моменти.
Ви благодариме за довербата. Среќни сме што имаме голем број на ценети гости и пријатели кои секојдневно не посетуваат и уживаат во прекрасниот амбиент на хотелот и квалитетните традиционални вкусови… објавија по повод нивната годишнина.
Модерно сместување веднаш до градската чаршија и центарот на градот со кујна со најразновидни домашни, македонски традиционални јадења на најпристапната локација во Битола.
Честито годишнина Хотел Гранд Централ.