Стефанија Милевска Вранич заедно со нејзиниот избраник Владимир Вранич ја преставија нивната нова заедничка песна “Healer” (Исцелител) каде тие го опишуваат нивното запознавање, творечки процес и начин на живот.

„Нашата музичка креација започна штом се запознавме во 2019-та година. Без престан ми извираа идеи за текстови, пеев на цел глас, а тој ми возвраќаше со бескрајни мелодии на неговата гитара. Поради тие моменти на инспирација кои траат и до денес и љубовта која се роди меѓу нас, создадовме околу 30 песни, за кои во текот на овие луди времиња и карантини успеавме да ги снимиме и да добијат демо верзија. Целта ни е сето ова да се реализира во музички албум. Снимањето и продукцијата се одвиваат во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World. Текстовите се на македонски, српски и англиски јазик. Решивме конечно да ви ги презентираме една по една готовите песни, заедно со нашите лични видеозаписи од патувањата на различни локации низ Србија и Македонија. Ќе ви споделиме свет на љубов и хармонија, со надеж дека ќе ви пренесат спокој, мир, инспирација и ентузијазам… “-ни дополна Стефанија.

Погледнете го видеото: