Нашиот битолчанец Стефан Дрогришки потпиша едногодишен договор со Казма од Кувајт

од July 9, 2021 0 коментари

Стефан Дрогришки потпиша со Казма од Кувајт

Битолчанецот се обрвза на договор на една година и наскоро ќе замине во Кувајт и ќе се запознае со својата нова реалност. Дрогришки замина од Еурофарм Пелистер 2 на истек на договорот и за него имаше голем интерес од многу клубови, меѓу нив и од Металург. Понудата за Дрогришки беше многу поволна и ракометарот за првпат ќе се испроба надвор од македонските граници.

Пред да се врати во својот Еурофарм Пелистер, пред три сезони, 26-годишниот ракометар настапуваше за Металург и Еурофарм Работник, а со македонската репрезентација настапи на Светското првенство во Франција во 2017 година.

Извор Гол.мк

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *