Во Балканските војни и Првата светска војна во двете спротивставени страни учествуваа над дваесетина земји.
Според историчарот и директор на Воениот музеј во Скопје, Александар Стојчев, во овие војни присилно беа мобилизирани над 200 илјади македонци.
За сите жртви во овие војни има многубројни споменици и спомен обележја во кои не се споменати жртвите од Македонија.
На 8 ноември во 2015г. над селото Црнобуки, битолско, со донација на Мирко Брдаровски кај црквата Св. Атанас во Црнобуки е подигнат крст со спомен плоча на која пишува помен за сеќавање на македонците во тие војни.
Денес на Митровден Мирко Брдаровски со свои соселани и пријатели на спомен Крстот положија свежо цвеќе за никогаш да не се заборави присилното мобилизирање на македонските војници да војуваат за туѓи интереси.
Текст и фото Петар Ставрев