Димитар Котевски е роден на 26 октомври 1926 година во Битола. Медицинскиот факултет го завршил во Белград во 1952 година, а специјализацијата во Загреб. Докторската дисертација ја бранел во Загреб на загребачкото Свеучилиште.

Котевски важел за еден од највидните и најугледни граѓани, афирмиран научник, познат и признат општвено политички деец. Тој со својата долгогодишна и упорна ангажираност ги поставил темелите на идното здравство во Битола кое го реформирал. Бил прв директор на обединетото здравство Медицински центар.

Котевски бил познат по неговиот ангажман за формирање на очно одделение, иницијатор за формирање на повеќе специјалистички одделенија во Медицинскиот центар, како основа за иднината Клиничка Болница-Битола.

Во Либија, како стручен директор отворил нова болница во Бенгази.

Д-р Котевски бил еден од основачите на Македонско научно друштво – Битола, повеќегодишен претседател и избран доживотен почесен претседател на МНД-Битола.

Котевски има директен придонес во формирањето на Универзитетот во Битола, посебно било неговото залагање на Вишата медицинска школа во Битола, а за посебните заслуги и придонес во развојот на офтамологијата бил избран за почесен член на здруженијата на офтамолозите, како и на Сојузот на слепи лица на Македонија.

Примариус доктор Котевски бил добитник на бројни високи домашни и меѓународни признанија, наградата за животно дело на општина Битола, како и државната награда за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност „Мајка Тереза“ за 2016 година.

Тој бил автор на голем број научни трудови од областа на здравството (офталмологијата) кои биле презентирани на европски и светски конгреси. Заради заслуги на полето на офталмологијата и придонес во развојот на офталмолошките здруженија на офталмолозите, бил прогласен за почесен член. Исто така и од страна на Сојузот на слепи лица на Македонија, за придонес во борбата против слепилото, бил прогласен за почесен член.

Починал во Битола на 2 јуни 2018 година.

Извор ТУКА