Совети за вежбање дома за време на КАРАНТИН

Вежбањето ќе ви ја зголеми самодовербата, ќе направи да изгледате одлично, но исто така ќе ви даде повеќе енергија и ќе го подобри вашето здравје и вашата психичка благосостојба на многу различни фактори.

Мотивацијата е првиот чекор! Вежбањето по дома е навистина интересна работа бидејќи сами си го планирате времето, темпото и видот на вежбите. Еве неколку корисни совети за вежбањето по дома.

Имајте цврст став

Заборавете на зборовите дека не можам, ќе почнам од утре или од следниот Понеделник. Започнете денес без изговори ! Направете распоред и започнете со вежби кои за вас се соодветни и сметате дека имате ефективност од нив.

Визуализирајте

Земете стари слики од деновите кога сметате дека сте биле во топ форма. Или ако немате такви фотографии, замислете си како сакате да изгледате. Секогаш кога сте на сред вежбање и немате желба повеќе да ја поткренете ниту раката ниту ногата, претставете си ја во главата најдобрата слика од себе, т.е. оној изглед кон кој се стремите. Веднаш ќе добиете поттик да продолжите за што поскоро да се гордеете со своето постигнување од вежбањето.

Направете распоред на тренингот

Пробајте да се одлучите кои денови ќе вежбате но и во кои денови одмара ддната партија на мускули додека ја вежбате другата партија на мускули. Доколку тренингот го правите сами, тогаш убаво би било да го запрашате својот физиотерапевт на кој начин треба да вежбате и што сакате да постигнете.

Внимавајте на исхраната и здравјето

Вежбањето нема да има смисла ако после секој тренинг добро не се нахраните. Пред се, поради здравјето, а потоа за резултатите.

Кога ќе имате криза и кога нема да ви се поместува од место, потсетете се како се чувствувате по вежбање. Сите кои редовно вежбале ќе се согласат дека чувството по завршувањето на тренингот е одлично. Вежбањето го зголемува нивото на хормонот на среќата и прави да се чувствувате задоволни од себе а исто така и да ја исфрлите негативноста а по вежбањето да добиете позитивна енергија во вас.

Физиотерапевт Илија Жежов