Швајцарија е европска земја која нема излез на море. Таа на север граничи со Германија, со Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Моментално во Швајцарија има над 8 милиони жители, за 4 пати повеќе од Македонија.
Швајцарија беше на 8 или 9-то место во светот по заразени и смртни случаи бидејќи 70.000 италијани работат во Швајцарија и одлуката за затворање границите беше задоцнета и со голема брзина се распространи вирусот КОВИД-19.
Сега Швајцарија е на 12-то место со 25.000 заразени и 1200 смртни случаи претежно на луѓе кои се во доцна старост. За пофалба се 12.700 излечени до сега. Споредбата со Македонија не е возможна бидејќи земјата е премногу богата.
Каков е животот таму, дали има мерки и забрани прочитајте од дописот на наш битолчанец кој живее таму:
Здраво од мене и поздрав до вашите читатели. Животот функционира многу подобро од кај нас долу во смисла луѓето се слободни, но во споредба со слободата тука има и многу поголема бројка на заразени и смртни случаи.
Од мерките кои се превземени се дека не смее да има групирање на повеќе од 5 луѓе на едно место ако не се фамилија. Луѓето слободно се шетаат, возат точак, се рекреираат на разни начини. Функционираат доста ресторани ама само за да можат граѓаните да си земат за дома и забрането е седење или присуство внатре. Сервисот за нарачка и достава до дома е исто така активен и работат се разбира со нормално работно време.
Такси возилата не смејат да возат повеќе од 2-ца муштерии. Што е можно повеќе се актуелизира плаќањето со картичка и постојано се апелира да не се плаќа со кеш. Паркинзите и кејот од езерата скоро секаде се затворени за да нема многу луѓе кои ќе доаѓаат и собираат.
Навечер движењето е минимално, но овие дена е Католички Велигден и има доста движење. Во црква пуштаат максимално по 5 луѓе и е обележано местото каде што чекаат на точно 2 метри растојание.
По маркетите е исто обележано растојанието на 2 метри и се пуштаат одреден број на луѓе внатре истовремено. Средства за дезинфекција на секој ќош, уште на влезот на врата има вработен кој ти ги прска рацете на влез и излез.
Иначе со возила по автопат и низ градовите има доста фреквенција. Фабриките не работат. Маски носат само тие што сакаат. Банките, поштите работат исто со 2м обележано растојание на чекање и секаде има средства за дезинфекција. Работи само тоа што му е најпотребно на луѓето за да функционираат нормално.
Законите и мерките на целата територија на Швајцарија се исти за сите. Владата во Берн одлучува на ниво на цела земја, а не секој кантон засебно зошто на целата територија е прогласена пандемија.
Во текот на вчерашниот ден имаше објавено 20 минутно видео каде македонец го снима Цирих и околината за да покажи како сѐ си функционира нормално.
https://m.facebook.com/groups/148304238669175?view=permalink&id=1426438524189067
Забрана за движење, карантински викенд или други забрани нема ништо од тоа, единствено кај што има собирање на поголем број на луѓе има поголема контрола и санкции/казни кои не се поголеми од 100 франкови (5800 денари).
Од 26-ти април е најавено олабавување на мерките за да се врати животот во нормала. Тоа ќе се одвива во две фази и тоа во првата фаза ќе отворат помалите дуќани, продавниците за алишта, цвеќарите и продавниците за мебел. За втората фаза ќе се отвараат ресторани и останато.
Бензиските пумпи, маркетите функционираат нормално, сендвичарите и рестораните само TAKE AWAY.
Постарите луѓе рано сабајле си одат да си испазарат уште на отворање уште во 07.30 часот.
Возниот ред, возовите, автобусите си функционираат нормално и редовно. Автомеханичарите исто работат нормално, истото важи и за службите за регистрација. Шалтерите не работат, но за документацијата се аплицира и пополнува по телефон или по емаил.
Осигурителните компании работат со странките од нивните канцеларии само по телефон. Транспортните претпријатија и превозници на роба работат нормално за снабдување на маркетите.
За редот и мирот се ангажирани сите приватни агенции за обезбедување и се присутни на места каде што редовно има собирање на поголеми групи на луѓе. Таму ги опоменуваат за да нема групирање и задржување. Ако не се почитуваат мерките пријавуваат и дури тогаш доаѓа полиција и казнува. Но тоа е вистинска реткост бидејќи културата е на високо ниво и се почитува скоро се.
Нема забрани за движење, во Швајцарија слободата е на прво место и е дозволено да се оди каде што сакаш, ама не во група. Исто така групирање во двор на повеќе од пет лица ако не се фамилија исто се казнува.
Во глобала животот е нормален и функционираме одлично.
Поздрав до моите сограѓани битолчани и Ви посакувам нормално да ја пребродиме оваа пандемија која ќе не мотивира повеќе да допринесуваме за човештвото и опстојување на човечкото во нас.
Поздрав од Луцерн, Швајцарија и среќни Велигденски празници каде и да сте…