Јубилеен 100-ти пат со велосипед на Пелистер

од October 31, 2021 0 коментари

Нашиот битолчанец Николче Чкламовски р. 1979 г. денеска со неговиот велосипед го направи неговото 100-то јубилејно искачување на Пелистер и Антена, каде беше пречекан од неговите другари и пријатели заедно со дежурната екипа на Радиодифузен Пункт, Антена Пелистер.

Прв пат со велосипед се искачив на Антена во 2016-та година. Од тогаш секоја наредна година по 20-30 пати го повторував во зависност од временските прилики. Покрај Антена (врв Пелистер) со велосипед ги имам искачено скоро сите врвови на Баба Планина… ни изјави Николче.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *