Оваа композиција од Славе Димитров ја пеат авторот и Вера Јанкова, а текстот е на Ѓоко Георгиев.
Како што е познато, оваа наша
мелодија не претставуваше на изборот на Евровизија во Загреб на 15ти февруари 1969 г. кога од стручното жири освоија само еден глас и се пласираја на 11 место од вкупно 17 нумери. Како водител на манифестацијата беше познатиот Оливер Млакар.
Но, во тогашната Нова Македонија (погледни исечок) за оваа песна признанието дадоа слушателите на Радио Скопје, која секако била сатисфакција за интерпретаторите Славе Димитров и Вера Jанкова.
Исечок од најверојатно Нова Македонија