Битолскиот работен пазар е збогатен за една ИТ компанија. Имено, шведската компанија Polar Cape (Полар кејп) отвори канцеларии во Битола, инаку нивна втора канцеларија во Македонија покрај таа во Скопје. Битолската канцеларија на Polar Cape има капацитет од 20 лица и се наоѓа во строгиот Центар на градот.

Polar Cape е основана во 2010 година, а скопската канцеларија постои од 2011 година. Основачите на компанијата, инаку долгогодишни пријатели, ја основаат компанијата со идеја да создадат работна средина во која и самите би сакале да работат. Ваквиот начин на размислување низ годините привлече повеќе од 150 професионалци од индустријата, од кои 10 во Битола.

Polar Cape на своите клиенти им нуди консултантски услуги од областа на ИТ индустријата. Компанијата има богато резиме во кое се наоѓаат успешно завршени проекти на бројни звучни имиња од шведската и меѓународната бизнис сцена.

Polar Cape е единствената ИТ компанија во Македонија која е сертифицирана од Институтот „Одлично место за работа“ од Шведска (Great Place to Work®). Компанијата соработува со институтот уште од 2014 година и соработката ја користи за постојано да ги подобрува условите кои им ги нуди на своите вработени.

Резултатите за 2022 година покажаа дека 91% од вработените сметаат дека Polar Cape е Одлично место за работа. За сертификација, потребен е просек од 70% на анкетата, а Polar Cape постигна просек од 88%.

Доколку сакате да видите како се создаваше канцеларијата во Битола, следете го следниот линк. А доколку сакате да останете информирани за работните позиции кои се отвораат во Polar Cape Македонија, следете ја компанијата на LinkedIn или појдете на вебсајтот каде редовно се објавуваат.