Шеќерпаре е еден од најпопуларните десерти во турската кујна, исто така многу популарен во Битола и Македонија. Од овај рецепт кој е со многу љубов и внимание е направен во битолска кујна, излегуваат преку 50 шеќерпариња.

Состојки: Тесто, 2 јајца, 2 чаши брашно, 1/2 чаша гриз, 1/2 чаша шеќер, 125 г. омекнат путер, 1 прашок за пециво, 1/4 чаша масло, непечени лешници или бадеми по потреба. За шербет: 4 чаши шеќер, 5 чаши вода, 1 лажица сок од лимон, 1 ќесичка ванилин шеќер

Инструкции:

1. Прво подгответе го шербетот. Нека зовријат водата и шеќерот и оставете да вријат 15 минути, додадете сок од лимон на крајот и оставете да се излади. Дури се вари шербетот, ќе го припремите тестото.

2. Измешајте ги јајцата, путерот, брашното, гризот, маслото, шеќерот и прашокот за пециво и малку замесете. Не се добива мазна компактна смеса и тоа да не ве загрижува.

3. Формирајте топчиња со големина на орев и малку сплескувајте ги.

4. Редете ги во намастен плех и и додадете лешник или бадем во средината на секое со нежно притискање.

5. Печете во загреана рерна на 180 степени. Печете околу 25 минути додека не добијат убава златна боја.

6. Истурете го оладениот сируп врз колачињата додека се уште жешки. Оставете да впијат и да се оладат.

На здравје.