Фондација за одржлив развој ПРЕДА ПЛУС го одржа својот ДЕМО ДЕН на 9 Април во Битола – кој беше официјалниот завршен настан на акцелераторската програма Employouth.

Во претходните три месеци, учесниците на Employouth имаа можност да бидат дел од интензивна менторска и тренинг програма за креирање и водење на успешен бизнис. Над 20тина млади луѓе со интересни идеи за започнување бизнис ги кристализираа преку развој на лични перформанси водени од 10тина ментори од земјата и странство,а координирани од Игор Изотов- иновациски консултант и гуру за лансирање на стартапи. Тие на овој Демо ден во 3 минутни презентации ги претставија своите бизнис планови пред инвеститорите.

Преда Плус ја креираше акцелератирската програма и ја предава на ФИКТ, кој со овој проект се здобива со простор каде ќе го смести акцелераторот. Практично ФИКТ добива проект, избира менаџерски тим кој ќе го води во идниот период кога ќе биде практично одговорен за неговата одржливост.

Организиран како дел од Еmloyouth – Универзитетска пилот програма за стартапи во пелагонискиот регион, проектот е финасиран од ЕУ преку Interreg програмата за прекугранична соработка со Грција, а имплеметиран од PREDA Plus Foundation & Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола