Медицинските сестри-едукатори во Мајчината школа на Болница „Плодност“, станаа побогати за уште едно меѓународно искуство, кое ќе го пренесуваат на идните мајки.

Деновиве, тие реализираа образовна посета, во која покрај новите елементи на едукација, разменуваа искуства со своите колешки од мајчините школи во регионот во Белград, во рамките на проектот „Био сејв“ на „Меди груп“ групацијата.

Медицинските сестри Марија Василевска, Марина Тунтевска и Виолета Анастасовска, покажаа и докажаа дека нивните знаења и методите кои ги спроведува Болница „Плодност“ се на високо ниво и оттука со право може да се каже дека Болница „Плодност“ по својата работа и иновативност е лидер во регионот.

На оваа нова едукативна работилница, уште еднаш беше потврдена важноста од претходна свесност на идните мајки во однос на психо-физичката подготвеност за доаѓањето на свет на нивните најмили. Мајчината школа во Болница „Плодност“ ширум ги отвора вратите за новите идни мајки.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here