Улогата на интеграција игра клучна улога во процесот на дигитална трансформација. Постојат многу интеграциски алатки, но една од најпопуларните, со која работат Coca Cola, Adobe, Netflix и многу други е MuleSoft. Во следното интервју прочитајте повеќе за MuleSoft објаснето во детали од нашиот тим.

Што е интеграција?

Давид: Интеграција претставува поврзување на повеќе различни системи со цел да работат како една целина. Во контекст на ИТ, интеграцијата се однесува на крајниот резултат на еден процес кој има за цел да ги спои различните потсистеми, така што податоците содржани во секоја од нив ќе станат дел од поголем, посеопфатен систем кој идеално, брзо и лесно ќе ги споделува податоците кога е потребно. Многу често кога се објаснува поимот интеграција на разнородни системи како пример од секојдневниот живот се користи сложувалката. Во интеграцијата за да добиеме функционален систем составен од повеќе разнородни компоненти треба да направиме нивно правилно поврзување. Нели е истото и со сложувалката, преку спојување на делчиња со различна форма, димензија и боја на крај добиваме една целина.

Кои се најчесто поставуваните прашања или дилеми поврзани со интеграција?

Горан: Едно од најчесто поставуваните прашања кое го добиваме е: Што е интеграција? Давид го објасни многу добро погоре, така што ќе се фокусирам на следното најпоставувано прашање: што работи еден интеграциски девелопер? Едноставно кажано, работиме на големи проекти, се фокусираме на бизнис логиката, предлагаме различни решенија и ги спојуваме различните делови во една целина. Ова го правиме без користење на премногу код, и затоа е толку интересно. Кој започнал да работи со интеграција тешко дека би посакал да работи друго 😊.

Кој сè може да работи во полето на интеграција?

Марин: Во полето на интеграцијата концептуално би рекол дека можи да работи некој што умее да ги разбере двете страни на еден конфликт и да предложи решение за истиот, а притоа и двете страни да се задоволни. Од технички аспект, човек кој може да разбере различни системи, да ја увиди разликата помеѓу нив и да смисли решение како тие системи можат да разменуваат податоци меѓусебно, а притоа да не се менуваат/модифицираат.

Зошто MuleSoft?

Јелена: Затоа што MuleSoft станува една од најпопуларните и најбараните алатки за интеграција. Затоа што е многу моќна платформа, која ја користат најголемите светски компании, a според “Gartner„ е именувана како лидер во Еnterprise Integration Platform as a Service (iPaaS) и Full Lifecycle API Management. Исто така, затоа што има широко распространета заедница на девелопери, архитекти, проект менаџери, стејкхолдери за поддршка, иновација и развој.

Зошто е толку возбудливо да се работи со MuleSoft ?

Каролина: Да се работи со Mulesoft е многу интересно затоа што им нуди на програмерите можност за API менаџмент низ целиот SDLC и им овозможува да обезбедуваат решенија, притоа целосно користејќи го потенцијалот на микросервисите за прилагодливост, флексибилност и можноста за реискористување во интегрирањето на мноштвото апликации, системи и податоци во динамична околина. За да се работи со Mulesoft потребно е да се има искуство со јава или некој од објектно-ориентираните јазици, основни познавања на HTTP, JMS, Web сервиси, JDBC, API, интеграција, како и дата форматите (JSON, XML, CSV, Flat file, …).

Доколку некој сака да започне кариера во полето на интеграциите што треба да направи?

Сашо: Би кажал дека ние како водечка компанија во овој регион на Европа нудиме голем број на можности за младите ентузијасти кои имаат за цел да започнат кариера во областа на системската интеграција. Уште во минатото сме организирале бројни настани и презентации како би ја запознале јавноста со тоа што претставува интеграцијата и кои се бенифитите да се гради кариера во тоа поле. Во овој момент, значајна улога во целиот процес игра нашиот “⋮IW Education Center„ каде има можност да се следат повеќе различни подготвителни курсеви. Исто така специфично за MuleSoft, е тоа дека во изминатиот период ја формиравме првата официјална „Mulesoft meetup“ група, каде се споделуваат содржини и новости за самата платформа и секој кој е заинтересиран може да стане член. За крај, би кажал дека за еден почетник клучни се желбата и фокусот, а можностите кои се нудат денес се одлична шанса да се започне кариера во ИТ.


Доколку и ти сакаш да бидеш дел од нашиот тим кој работи со MuleSoft, погледни ги нашите огласи за работа: https://iwconnect.com/jobs/ и пријави се уште денес! Не пропуштај да работиш со една од најпопуларните интеграциски алатки во одличен тим, за светски познати клиенти.