Битола, јануари
Седиме десетина минути во „Мерцедесот“ паркиран пред Народниот театар во Битола и разговараме за животот поминат подалеку од родната земја. Минуваат возила, пешаци, но во нашата тема ништо не се менува. Во возилото е загушливо, некои пушат, а студенилото не дозволува да се отворат прозорците. Павле седи некако натажен, но искрено зборува за својот живот, тешката судбина, надеж дека сепак е задоволен што се уште е жив. Неговата приказна започнува пред десетина години, кога заедно со група младинци на 18-20 годишна возраст, реши да замине на печалба. Сметаа дека подалеку од земјата полесно ќе заработат. Ке се потрудат да работат од үтро до ноќ, He ќе се срамуваат и од најтешките работи, само може во Битола да се вратат со долари, моторни возила. Многу не размислуваа. Извадија карти и заминаа во Австралија. Таму уште во почетокот беа разочарани. Доларите не се печалеа така лесно како тие претпоставуваа. Сепак беа задоволни, се веселеа, излегуваа по игранки, се среќаваа со наши луѓе.
Една вечер со група младинци тргнавме да се провеселиме, Некои беа поднагиени, но не мислевме ништо лошо. Не забележав кога и како возилото склизна од патот. Се разбудив во болницата. Ми рекоја дека тројца мои другари се мртви. Јас нозете не можев да ги чувствувам. Но, сепак се надевав дека ќе ме излекуваат. Бев задоволен и што не го изгубив животот. Па ви велам од возилото тројца загинаа. Кој знае колку пати ги изрекол овие реченици Павле Г. Долго ќе се сеќава на таа вечер, кога сакал да се провесели, а останал тажен засекогаш. Во болницата останал долго време, но не се излекувал, останал тежок инвалид.
Се надевав дека ќе се излекувам, дека таму има добри специјалисти, но ништо од тоа. Најпосле ми
дадоја педесетина милиони динари и ми рекоја дека повеќе не им сүм потребен. Што можев да правам, се вратив во татковината. Сега постојано го проколнувам денот кога за прв пат решив да заминам Австралија. Купив возило, ги обиколувам битолските улици, се сеќавам на деновите кога заедно со другарите трчкарав низ нив, се играв, но…
Навистина тажна е животната приказна на Павле. Многумина и не знаат што тој доживеал во својот живот, колку се измачувал. Го гледаат на второто седиште од возилото, забележуваат дека други го возат и си мислат: Еј што ти е Австралија. Ќе отидеш не таму сиромав ,а ќе се вратиш богат. Не знаат што му се случило на Павле не претпоставаат дека залудни се неговите пари, кога не може како и останатите негови врсници да излезе од возилото, да се прошета, како некогаш, низ битолското корзо, да се фати на македонското оро, да потрча, да му се радува на
животот. Многумина го забележуваат весел, среќен,
но има нешто таинствено во неговата душа. Срцето како да му е претворено во црна трутка. Горчлива била неговата судбина.
Вие не знаете колку во Австралија на машините страдаат нашите луѓе, какви се судбини доживуваат. Навистина им се плаќа голема оштета, им се даваат долари, но зошто на таков начин да морав и јас да ги заработувам. Зарем требаше да одам во Австралија и да станам инвалид.
Сега кога ги гледам како се враќаат нашите луѓе, здрави, весели, готови да се се откажат од печалбарството, посакувам и јас да
сум меѓу нив, не можам. Останувам засекогаш во возилото, „Пали Круме и да тргнеме на една прошетка. Стартувај со стотка“ на сат, тежок е мојот живот”.
Петар Ставрев 1973 г. Нова Македонија