Дваесет годишната битолчанка Сара Ристеска синоќа го имаше нејзиниот прв настап на малите екрани на КАНАЛ 5 ТВ, каде ја престави нејзината изведба на песна од Тамара Тодевска во популарното шоу Звездите на гранд.
После нејзиниот настап таа делуваше доста емотивно и со сите нас во неколку реченици го сподели нејзиното тамошно искуство:
Добра вечер на сите пријатели, блиски, роднини и др. Чувствувам потреба да Ви кажам неколку зборови околу мојот настап за кој добив 3 гласа, кои според мене беа реални бидејќи знам каде згрешив и можеби требаше да ми се даде шанса за да се потрудам понатаму, бидејќи сепак се натпреварував со кандидат кој веќе поминал неколку кругови.
Фото /скриншот од снимката испратено од Сара Ристеска
Сѐ е тоа во ред, но сакам чисто да дадам едно мислење, никогаш не плукам кај шо сум поминала, ама овај пат морам. Како што имавте прилика да видете и чуете, го споредуваа моето пеење со мјаукање, наводно како мачките на Шерифович и Карлеуша кога се парат, моите родители никогаш не се осмелиле да ме навредат со таква вулгарност а не па сосема трет човек, останав достојна и не прокоментирав, па сега еве јавно ќе се изјаснам. За овој настап се потрудив многу, вложив многу, поминав многу, но ете бидна тоа што бидна.
Фото /скриншот од снимката испратено од Сара Ристеска
На останатите од жирито им благодарам на искрените совети. Јас сум задоволна од мојот настап и се надевам ќе продолжам со мојата љубов кон музиката некаде во друга насока.
Можеби проблемот беше во тоа што зборував и пеев Македонски.
Ќе слушнете и ќе процените.
Фала Ви на сите од срце.❤️
Ова за мене беше големо искуство.
Сара Ристеска сега е дел од успешниот тим на обложувалници ЕВРОТИП и животот ѝ продолжува таму каде има многу други кои ќе го ценат нејзиниот труд.
Тука се десетте минути од настапот на Сара
додека целата епизода од Звездите на Гранд е тука
Нашата поддршка за Сара продолжува и понатаму. Браво за неа.