Во Август 2020 беше пуштена во употреба специјализираната платформа за огласување на возила vozi.com, стартап бизнис кој никна од Битола. Денес разговаравме со ко-основачот и генерален менаџер, Александар Станковиќ, за да се запознаеме повеќе со нив.

Што е vozi.com ?

Vozi.com е стартап бизнис кој се специјализира за огласување и продажба на нови и користени возила, како и продажба на делови и понуда на услуги поврзани со возила, фокусиран на балканскиот регион.

Во Август 2020 ја лансиравме нашата онлајн платформа на која бесплатно може да се огласуваат и пребаруваат возила за продажба, која стана една од најбрзо растечките платформи за огласување во Македонија. Тоа е само првиот чекор од многуте планирани за проширување на бизнисот.

Што ве поттикна да го отворите vozi.com ?

Како ентузијасти и љубители на возила, тимот на vozi.com активно ја следи автомобилската сцена на балканот повеќе од 15 години преку учества на автомобилски изложби, надградување и сервисирање како и купување и продажба на возила и делови.
Во тој период стекнавме голема мрежа на пријатели преку кои ја препознавме потребата за специјализирана платформа која нуди квалитет при огласување за продажба и купување на возила и делови, но пред се квалитетни стандарди кои во моментот ги нема на балканот, особено на Македонскиот пазар.

Што ја прави вашата платформа за огласување различна од другите ?

Нашата платформа е професионално изработена, како технички така и визуелно. Изградена е спрема дефинирани стандарди за огласување, наменета e исклучиво за индустријата за возила и нуди бесплатно огласување. Самото тоа ја прави доста уникатна. При поставување на оглас, огласувачите ги одбираат течничките информации за возилото од база на информации која е професионално конструирана, наместо да ги напишат истите рачно, а со тоа доставуваме стандардизиран и точен приказ на технички информации.
Секогаш се грижиме огласите да се објавени со квалитетни слики, и најважно од се, сите огласи поставени на платформата содржат цена, нешто кое е беше препознато кај купувачите како најголем проблем на Македонскиот пазар.
Исто така на платформата нудиме многу корисни алатки, како што се пресметка за трошоци на регистрација за возило, приказ на просечна вредност на определено возило, превземање на купопродажен договор, повеќејазична поддршка итн.
Меѓутоа она што би сакал да го нагласам, и кое верувам дека не прави различни од другите е посветеноста и грижата за нашите корисници. Нашата цел е да споиме продавачите и купувачите на брз и едноставен начин. Тимот на Vozi.com активно комуницира со корисниците и работи на подобрување на платформата и стандардите спрема нивните барања и потреби.
На сите продавачи им помагаме во процесот на поставување на нивните огласи на платформата, а на купувачите им обезбедуваме брз пристап до истите. Кога еден оглас ќе се објави на другите платформи истиот останува таму, односно прикажан на одредена група на корисници, но тоа не е случајот кај нас.
Ние се грижиме огласот да е веднаш одобрен и пуштен низ многуте канали за огласување, на самата платформа, на социјални мрежи, email известување и дирекна комуникација со потенцијални купувачи кои ги имаме во нашата база на корисници.

Што е следно за vozi.com ?

Иако сме уште нови на пазарот, имаме големи планови за во иднина. Како што спомнав нашата платформа за огласување е само првиот чекор.
Без да откријам многу за нашите планови, би рекол дека една од нашите цели е до средината на 2021 да опфатиме поголем дел од Македонскит пазар и воедно да се прошириме на пазарите на едни од соседните држави, а потоа ќе отпочнеме со дополнителни сервиси и услуги кои се планирани настрана од самата платформа за огласување.