Граѓанското движење #СакамДаОстанам од интернет доаѓа во Битола и од нашиот град започнува со нивниот караван кој ќе ја прошета цела Македонија.

По тој повод утре на 4-ти и другиден 5-ти септември на плоштадот „Магнолија“ и пред Епинал ќе бидат поставени табли на кои секој граѓанин ќе може да ја каже својата причина зошто сака да остане тука во Битола и општо Македонија. Можноста да го искажете својот став ќе ја имате на овие локации со почеток од 12 часот.

Ние даваме поддршка и сакаме да останиме бидејќи сме за Битола и битолчани. А вие?

Повелете и на нивната фејсбук страна

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2572120493067354&id=2533318296947574