Иако ние ја викаме руска салата, во различни земји носи различно име, некаде има плус состојки, некаде нешто е изоставено, така што оваа салата има претпрено многу модификации откако Луциен Оливиер, рускиот готвач со белгиско потекло, за првпат ја припремил во ресторанот Ермитаж во Москва. .
Како и да е, руската салата е омилениот додаток на трпезата за Нова Година, а исто така е неизоставен дел и од Божиќниот ручек.
Состојки
2 варени компири
2 варени моркови
200 гр варен грашок
4-5 кисели краставички
200 гр шунка
200 гр кашкавал
250 гр мајонез
сол, црн бибер
по желба 2 варени јајца
Припрема:
Се вари зеленчукот поединечно, внимавајте да не се превари. Исечкајте ги на ситни коцкички компирите и морковите, додадете го варениот грашок.
Киселите краставички, шунката, кашкавалот, исечкајте ги на ситни коцкички и додадете ги на зеленчукот. Додадете 200 г мајонез и малку црн бибер и измешајте убаво. По потреба додадете сол.
По желба додадете уште 50 г мајонез одозгора за премачкување.
На здравје!