Во изминатите четиринаесет години на Локум фест настапиле преку седумдесет групи и ансамбли од Македонија, и преку дваесет земји од регионот, Европа и светот. На Локум фест настапиле изведувачи од Египет, Индија, Кина, Норевешка, Данска, Шведска, Исланд, Унгарија,
Полска, Германија, Хрватска, Словенија, Србија, Албанија, Бугарија, Бразил, итн. Ги препознаваме и паметиме настапите на Љубојна, Баклава,
Чалгија саунд систем, Тони Китановски и черкези, Кочани оркестар, Сваровски бенд, Јаков
Дренковски, Виолета Томовска , Зоран Џорлев, Вања Лазарова, Вевки Амедов, Ибрахим Џенгис
и многу други.
Локум фест е единствениот културен фестивал кој ја следи традицијата и го акцентира
културното наследство, и културниот туризам, преку изложби на ракотворби во соработка со ЗУР Македонски ракотворби и изложбата на
семејни раритети „Раскажи ја својата приказна“ во која партиципираат самите граѓани.