Со големо задоволство Ве известуваме дека градежните работи на чешмата кај Офицерски дом се завршени. Денес беше извршен увид на градежните работи и беше пуштена водата со што чешмата се враќа во функција. Ротари клубот Битола реализира еден значен проект за обнова на еден од симболите на градот.
На реконструкцијата и претходеше собирање на средства, изготвување на проект, добивање на конзерваторско одобрение,
склучување на договор со Општината Битола за донација и одредување на изведувач.
Ова е еден од поголемите проекти на РК Битола, а иницијативата за реализација на истиот започна при одбележувањето на 20 годишнината од возобнувањето на Ротари клубот Битола во 2018г. Финансиските средства се обезбедени од ротаријанците на РК Битола, пријатели на клубот, Сојузот на РК на Македонија, а свое учество имаа и Здружението на пензионери и неколку граѓани.
Значењето на проекот е повеќекратно. Освен материјалната страна и во фактот што се обединивме во афирмиација дел од богатото културно историско наследство на нашиот град – музеј, тоа треба да делува и поттикнувачки и кај други општествено одговорни фактори, организации и поединци и следење на нашиот пример за реализација на ваков и сличен вид на проекти кои само го потврдуваат значењето на Битола и вредностите кои таа ги има.
Инаку, оваа чешма е култно место и има посебно значење за голем број на битолчани.
Фотографии Петар Ставрев