Невообичаено убавото време за овај период од годината, дел од планинарите на ПСК Пелистер и тоа Мартина, Јапано, Шпере, Крбале, Пепо во друштво со хаскито Бруно, го искористија за да се искачат на највисокиот врв на планината Ниџе, Кајмакчалан.

Тргнаја рано во зорите околу 06.00 ч. и по три и половина часа со теренско возило стигнаја до местото викано Редир, од каде пеш започнаа да се искачуваат до врвот.

Поради длабокиот снег и топлото време, во пониските делови на планината се пропаѓаше и планинарите беа приморани да користат снежни чевли и турно скии.

Во повисоката зона на планината снегот беше замрзнат и дуваше ветер со брзина од околу 45км/ч..

Во 15.00 ч. сите заедно пристигнаја на врвот и после кратка пауза, почнаја да се спуштаат од врвот назад до нивното возило.

Импресиите за успешно завршената авантура беа на највисоко ниво и поради фактот дека Кајмакчалан е можеби најретко посетуван и искачуван врв во Македонија и тоа од нашата страна. Враќањето дома беше доцна во ноќта истиот ден.

Доколку сте заинтересирани за ваква авантура ова е вистинското место за вас www.mount.mk

Фотографии и видео Мартина Николовска и Петар Нолев.