Мал дел од историјата на боксот во Битола.

Битолчанецот Владимир ( Владо ) Мајковски (Мајковић) во Битола попознат како Ладе Варџијата е најверојатно првиот битолски официјален боксер и значајна личност од почетоците на оваа спортска дисциплина во Битола. Тој во 1929 година неколку години престојувал во далечната Аргентина каде навлегол во боксерската вештина.
Кога се вратил во Битола со себе донел и два пара боксерски нараквици и еден пенчибал. Види: „Боксот во Битола“, Д. Миновски, 1977 г, стр.23. Во Битола тој почнал јавно да го пропаѓира боксот и имал три боксерски меча. Истите се одржале во 1936/37 година.

Така, 1936 год. во „СОКОЛАНАТА“ ( Фискултурниот дом ) противник му бил еден Албанец од Тирана со име Рафаил Дешница. Мечот во 12-рунди завршил нерешено. Тој е прв официјален боксерски меч одржан во Битола. Во 1937 година во Прилеп Мајковски боксуваше против Секулиќ во 8-рунди мечот заврши нерешено. Истата година дојде до реванш во Битола, во салата на Киното на Милтон Манаки, во 12 рунди повторно мечот заврши нерешено.

Овие мечеви се сметаат за „ ОФИЦИЈАЛЕН ПОЧЕТОК НА БОКСОТ ВО БИТОЛА “. (Боксот во Битола, Д. Миновски, 1977 г, стр.24). Во Битола пред Втората светска војна ВЛАДО МАЈКОВИЌ односно ВЛАДИМИР МАЈКОВСКИ е познат и по името ЛАДЕ БОКСЕРОТ и ЛАДЕ ВАРЏИЈАТА, прекар кој го добил по занаетот на неговиот татко кој изработувал вар.

Во 60-тите години се пресели во Титов Велес, каде остана до крајот на животот. Мајкови се позната битолска фамилија, а тој е прв братучед на мојот татко… ни посочи битолчанецот Стефан Бошков.

За повеќето битолчани Владимир Мајковски е непозната, но значајна и легендарна боксерска личност која вреди да биде спомената за историјата на спортот во Битола.

Благодарност до Стефан Чекутков за овие вредни информации и Благојче Андонов, Битола стари фотографии.

Извадок и фото Весник Правда 5 март 1938 година.