Екипата на Еурофарм Пелистер ја запиша првата победа во сезоната во Европската лигата, откако во својот дом „Боро Чурлевски“ со 33-26 (20-14) славеше убедливо на дуелот со словенечкиот тим на Тримо Требње.

Нашите ракометари одлично се справија со притисокот и стресот кои им беа на грб по серијата неуспеси, а најавените промени на стратегот Жељко Бабиќ веднаш вродија со плод и Еурофарм Пелистер заслужено ги грабна првите бодови во сезоната во новото натпреварување на EХФ.

За разлика од гостинските натпревари, во кои патуваше со двајца кружни напаѓачи, хрватскиот стратег и за вториот натпревар во Битола се реши да засилување на оваа позиција, па повторно во својот тим го имаше Елмир Граџан, додека на трибини остана искусното лево крило Гоце Ојлески.

Фото Гол.мк

Благојче Трајкоски доби предност меѓу стативите во однос на капитенот Чаневски, додека организацијата на играта му припадна на Танкоски, пред Периќ. Во воведните минути главна ѕвезда на пелистерци беше Стипе Мандалиниќ, кој со двата гола во низа возвраќаше на погодоците на гостите, а Трајкоски со својата прва интервенција, која повторно беше атрактивна, отвори простор за своите соиграчи да стигнат до прво водство. Тоа го искористи Маџовски со својот прв гол за предност на домаќините од 5-4.

Вечерва, Мандалиниќ како да беше екстра-мотивиран за надигрување и продолжи да го решета гостинскиот гол, а во моментите кога Чаневски одбрани пенал, а Кушан и Периќ погодија за прво водство на пелистерци од два гола разлика (10-8). Брзата транзиција на Тримо повторно ѝ правеше многу проблеми на домашната одбрана, но кога беше најпотребно се разбрани Чаневски, а на спротивната страна сигурни реализатори беа Мандалиниќ, Кушан и Костески, па Еурофарм Пелистер на полувреме замина со позитива од шест гола разлика (20-14).

Извор и повеќе на ГОЛ.МК