Позната е локацијата каде ќе има нова градинка за битолчани: Јавна расправа другиот понеделник

од December 14, 2020 0 коментари

Новата детска градинка е предвидена да се гради во југозападниот дел од градот, спроти основното училиште „Св. Климент Охридски“, со капацитет за згрижување на најмалку 147 деца на возраст од 6 месеци до 6 години.

Изградбата на новата градинка во Битола е дел од Компоентата 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална пплитика, што е поддржан од Светска Банка, а чија цел е проширување на пристапот и подпбрување на квалитетот на системот за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

Јавна расправа за сите битолчани ќе има во понеделник, 21. декември 2020 година која заради заштита пд Ковид-19, ќе се одвива онлајн, преку интернет платформата ЗУМ (ZOOM), во временскиот период од 12:00 до 13:20 часот.

За да можете да се вклучите во расправата треба да го пополните следниот формулар:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScq3kwDMDML-KYRGj2Q3L8hgo1vVyQ-uLYHjQVKUHDCoLKQWQ/viewform?usp=sf_link.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *