Големината и великодушноста на битолчани е таа со која сите сме поврзани, си помагаме едни на други, било колку и да имаме, дали малку или многу.
За нас помагањето е светост. Ние се одлучивме за мало спонзорство на малечките фудбалерчиња од фудбалскиот клуб Пелистер, за дечињата кои го сакаат фудбалот, безгрижно да го играат за да се дружат и радуваат.
Деца како деца се израдуваа на нови дресови. Би сакале некако да ги поттикниме и другите успешни битолски фирми да го финансираат овај расадник на мали таленти, овај клуб од каде ќе излегуваат успешните битолски фудбалери.
На било каков начин мораме на дечината да им се дадеме поголем поттик и мотив за поуспешно совладување на препреките и доаѓање во светот на возрасните…
Маја менувачница “Саат Кула”