Новата недела ќе ја започнеме со температури кој ќе бидат натпросечно високи за самиот почеток од месецот септември и истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени додека минимално освежување очекуваме веќе од среда кога температурите ќе опаднат за само неколку степени и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.
Исто така во среда очекуваме и локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Малото освежување на времето кое ќе го имаме од среда ќе биде проследено и со слаб до умерен ветер од северен правец кој особено на северот од државава повремено ќе засилува по интензитет.
Според моменталните анализи најнестабилен би бил денот среда додека останатите денови од новата недела која ни доаѓа ќе бидат нешто постабилни со услови за поизолирана и поретка нестабилност.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!