Со Одлука на 25 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 21 март, на подрачјето на целата држава, вклучувајќи и нашиот град Битола, се воведува забрана за движење на населението во временски период од 21:00 – 06:00 часот.
Според Основното Јавно Обвинителство доколку има прекршување ќе се одговара за кривичното дело “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија” од член 206 од Кривичниот законик.
Во ставот 1 од овај член е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари.
Затоа почитувајте ги препораките драги битолчани и останете дома.
Доколку има промени навремено ќе бидете известени.