Ладино пејачката со битолско потекло Сара Ароести, воодушевена од тавче гравчето која за првпат го проба во Ресторан Грне на нејзината последна посета во Битола, одлучи во нејзиниот дом во Америка сама за првпат си направи македонско тавче гравче.
Земјеното тавче беше купено од градскиот пазар во Битола, тезга веднаш до камионите продавачи на јајца и тоа во сатница кога пазарот беше затворен (околу 18.30 ч.). На пазарот скоро и немаше никој. Бројот од мобилниот телефон беше напишан на самата тезга и после 15 минути, нека ни се извини за тоа што го заборавивме неговото име, продавачот пристигна со неговиот точак да нѐ услужи.
Сара беше воодушевена и многу пријатно изненадена од гестот на битолскиот продавач, за што го поздравуваме и ние оттука.
Убаво е чувството кога некој ќе дознае дека потекнува од место каде сеуште се наоѓа по некој со човечност и добробит…