Добро дојдовте првачиња!

Со радост, музика и подароци денес дочекани првачињата од ромската заедница.
Ранци со училишен прибор за сите првоодделенци во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев” од Битола обезбедени од ПРЕДА ПЛУС Фондацијата, преку проектот Баир- Заедничка акција за интеграција на Роми во Општина Битола.

Доделувањето на ранците е дел од заедничката кампања за зголемување на бројот на запишани ромски деца во прво оделение и зголемување на бројот на ромски деца кои посетуваат основно училиште.

“Денешната активност е дел од предвидените 7 кампањи за подигање на јавната свест планирани да се реализираат во склоп на проектот Баир-Здружена акција за вклучување на Ромите. Кампањите за подигање на јавната свест ќе се реализират во наредните две и пол години опфаќајќи најразлични теми важни за социјална инклузија на ромското население во општина Битола ( здравство, социјална заштита, пристап до јавни услуги и слично).

Започнуваме со кампњата за образование, со што ќе се обидеме да дадеме придонес во зголемување на опфатот на ромски деца во образованието.” – изјави Даниело Божиновски, проектен Асистент на проект Баир.

Кампањата се реализира во соработка со Основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, „Сумнал“ – здружението за развој на Ромската заедница, образовните медијатори и Министерство за образование и проектот БАИР- Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите, финасиски поддржан од Европска Комисија.

“Запрепастувачки се податоците од истражувањето на Преда плус во населба Баир спроведено минататa година, а кои се однесуваат на образованието. Според податоците од ова истражување спроведено на 840 граѓани со ромска националност од населба Баир, во 2020 година во основно образование беа вклучени само 55% од школските деца во оваа населба. Средно образование посетуваат 24% , додека во претшколско образование се вклучени само 2%.

Што се однесува до структурата на образование на ромскот населени во населба Баир 84% се без образование или неоформеноосновно образоване. Само 10% со завршено основно образование и 4% со со завршено средно образование, 2% со високо образование.
44% имаат пристап до интернет а само 15% комјутер или лаптоп, што доплнително го отежнува процесот на вклучување во образованието имајќи го фактот дека за време на пандемијата генерално наставата се одржуваше он лајн”- истакна Лидија Ангелкова од Преда плус Фондацијата.

Сите запишани првачиња ги добија ранците и школскиот прибор, добија и подароци ваучери за бесплатно едногодишно членство во Националната установа Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола а спонзорите Пелистерка и Fruit & Vegetable Logistics се погрижија за првата здрава ужина на овој 1 септември.

Текст Љубица Ангелова

фотограф Ивона Кочов