Буковскиот манастир, познат и како Кешиш хане (Живеалиште на калугери)” во тешките услови за опстанок во 19 век, се определил да развива и дополнителна дејност, одгледување пијавици. Обврската беше ја презеле неколкумина калуѓери, кои исцело ѝ се посветиле на таа работа, од причини зашто пијавиците станале доходовен и баран извозен артикал, кој носел сигурна и лесна заработувачка, а и со пласманот немало проблеми.
На местото на уловот чинеле 70 пјастри за ока (12 франци килограм), на пристаништето во Солун- 100, во Марсеј – 140 франци, било причина многумина и други да се вклучат во ловот или во одгледувањето.”
Д-р Петровиќ, Далматинец, лекар во Мелник, не гледајќи перспектива во лекарските услуги, во средината што на 19 век, ја менал струката, почнал и тој да одгледува пијавици. Побарувачката за нив во еден период толку нараснала, што било многу тешко и целосно да се задоволи, што било причина, по битолските и македонскитe одгледувачи, за одгледувачи да станат поединци и групи и од Босна и од Албанија.
Извозот на буковските и на македонските пијавици го правеле трговци Французи, кои на големо ги откупувале и пренесувале преку пристаништата на Драч и Солун до Марсеј, потоа и низ цела Франција.
Вo 1855 год. преку Драч биле извезени импресивни 17.700 кг, а преку Солун уште повеке, 18.700 кг.
Овој масовен интерес се базирал врз уверувањето дека пијавицата претставува ефикасна здравствена помош, посебно за зголемениот крвен притисок и за парализираните пациенти, на кои им ги олеснувале не само маките, туку им помагале и во раздвижувањето на екстремитетите. Постапката при употреба била сосема едноставна, се поставувале на кожата на болниот без било какви подготовки, потоа, откако ке се нацицале крв, зголемени неколкукратно, самите cе ослободувале, паѓајќи од местото на прикачувањето.
Извадок од книгата Калеидоскоп на Александар Стерјовски.
Фото Битола Инфо