На натпреварот учествуваа 80 тина млади пијанисти од Албанија, Бугарија , Косово и нашата земја во повеќе категории , и тоа : шест категории во пијано соло, три категории пијано дуо и две категории пијано теоретичари , а за нивната виртуозност одлучуваше меѓународната жири комисија во состав : Елена Дикова од Бугарија, Надјежда Породини Јоле од Албанија и Јана Четелева Белевска од Македонија .
“Пијанофест“ го поддржаа : Министерството за култура, Општина Битола која на еден од лауретатите му додели парична награда и плакета, Полската амбасада која додели парична награда на лауретот за најдобра изведба на Шопеново дело, како наградата од Бугарскиот конзулат .
Фондацијата „Томислав Зографски“ по повод јубилејната 85 годишнината од раѓањето на композиторот додели дипломи на учесниците кои изведуваа негови композиции и награда за најдобро изведено дело на Зографски според одлука на Стручната комисија.
“Пијанофест“ го поддржаа и Музеј и галерија –Битола, Државното музичко училиште- Битола и повеќе приватни компании и здруженија , вљубеници во класичната музика.
Првото издание на „Пијанофест” е во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано“- Битола, чии што основатели се професорките од ДМУ-Битола, Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска-Буџаковски, кои што истакнуваат дека овој натпревар ќе остане како традиција каде младите пијанисти од Балканот, но и пошироко ќе имаат можност да ги афирмираат своите таленти.