bsh

ПОД ЛИПА ТВОЈА ВО ПАРКОТ СЕДАМ,
СПОМЕН ЗА СПОМЕН НИЗ МИСЛИ РЕДАМ.
ТВОЈА ПЕСНА ТИВКО СИ ПЕЈАМ,
И ВРЕЛИ СОЛЗИ ПО ЛИЦЕ СИ ЛЕЈАМ.

ВО ГРАДИ НЕШТО ТЕШКО МЕ ГУШИ,
СЕ ШТО ГРАДЕВ, КО ДА СЕ РУШИ.
СЕ МОТА МОЈОТ ЖИВОТ ПРЕД МЕНЕ,
КО ИГРАН ФИЛМ ОД СТАРО ВРЕМЕ.

ЗАЧЕКОРИВ ПЕШКИ ПО СОКАЦИ ТВОИ,
ДА ВРАТАМ МИЛИ СПОМЕНИ МОИ.
КОГА ЕДВАЈ ОДЕВ ПО КАЛДРМА ТВОЈА,
КОГА ЗА РАКА ЈА ДРЖЕВ БАБА МИ МОЈА.

НИЗ СОКАЦИ МИРИС НА КУКУРЕЦ И СЕЛСКО ТАВЦЕ,
НА БАИР ЧКЕМБЕ ЧОРБА, ГУЛАШ И ГРАВЧЕ.

БИ САКАЛ СЕГА СО ДРУШТВО БЕЉОТЧЕ ДА МАНАМ,
ОНАКА КО ТОГАШ МЕРАКЛИСКИ ЏАНАМ.
НА ПЕЛИСТЕР ВОЗДУХ ЧИСТ ДА ДИШАМ,
И СТИХ ПО СТИХ ПЕСНИ ДА ТИ ПИШАМ.

ДА И ТИ СЕ СЕТИШ НЕКОГАШ НА МЕНЕ
ДА БИДАМ ДАМКА ОД ТВОЕТО МИНАТО ВРЕМЕ.

ГРАДУ МОЈ! НЕЗНАМ ДАЛИ ЗНАЕШ ?
КОЛКУ БОЛИ ПРЕД КРАЈ ДА СЕ КАЕШ.
БОЛНО Е ШТО ГРАДУ МНОГУ ТЕ САКАМ
А ЗНАМ, НЕМА ПАК ДА СЕ ВРАТАМ.

Николовски Гого, Камбера АУС

11/06/2011/Сите права заштитени/
Авторско право/02/07/34567

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here