Во центарот на Скопје, на самиот плоштад е сместена култната кафана ПЕЛИСТЕР .

Таа и денес преставува место каде што луѓето од различни возрасти и професии, не доаѓаат само на ручек, туку се среќаваат , одржуваат состаноци или едноставно доаѓаат да си поразговараат, било тоа да е за време на кафе, ручек или десерт.

Градската кафана Пелистер преставувала и се уште е синоним за успех во угостителството, со долга традиција, во која и старите Скопјани ја поминале својата младост. За успехот на Пелистер, кој секогаш држи до тоа да биде свој и препознатлив.

Најомилена забава на скопјани била посетата на скопските кафеани. Бројот на јавните локали, кафеани, подруми и бифеа во Скопје во 1924 год. изнесувал 300.

Оваа бројка укажува на големата заинтересираност на граѓаните за посета на кафеаните и кафулињата. Типот на угостителските објекти бил многу разновиден – кафеани, подруми, пивници, барови, бифеа, крчми, меани и други.

Утре на 21-ви Ноември слават роденден и со таа чест ние малку поразговаравме со Ѓорги Димитров, менаџер во градска кафеана Пелистер:

Ние лично немаме ништо со Битола, ресторанот се вика Пелистер уште од времињата, (60-тите) кога бил државно претпријатие. Ние само повторно го вративме старото име, бидејќи сметаме дека каде е соодветно и не се коси со концептот, локалот да има локално име (во овој случај македонско), наспроти интернационално.

На истото место на кое денеска се наоѓа градската кафеана „Пелистер“, постоела кафеана најверојатно од 1930-тите со истото име сѐ до 1956 година кога во сите главни градови на СФР Југославија се формирале угостителските претпријатија „Метропол“, па тогашен „Пелистер“ станал државен објект.

Во 1959 година урната е куќата во која била кафеаната и до 1961 година тука се градела зграда. Со местото кадешто била кафеаната продолжи да стопанисува „Метропол“, а останатото биле воени станови.

„Метропол“ со оваа кафеана стопанисувал до 1991 година, односно до осамостојувањето на Македонија каде што во 1992 се оформува претпријатието „ДалМетФу“, кое како такво постои до 2009, кога повторно се враќа старото оригинално име на објектот, “Пелистер”…ни раскажа Ѓорги.

За создавање на бренд кој ќе опстои долго време низ годините е потребно и соодветно Име, а Пелистер на многу од нас ни значи и сѐ на светот.

Ви посакуваме уште многу години успешна работа, среќен роденден и голема благодарност до вас. Пелистер секогаш ќе биде број 1 бренд за Битола, Скопје и Македонија.

Ве поздравуваме од Битола под Пелистер.

А вие повелете и ТУКА на нивната фан страна.